Блог

Распоред за ВМФЛ-Исток, сезона 2019/20 – ФК Каменица Саса натпреварувањето го започнува со Победа во Прилеп, па го пречекува “новајлијата” Питу Гули (целосен распоред во excel)

Вчера беше извршено извлекувањето за ВМФЛ – Исток за сезоната 2019/20. ФК Каменица Саса натпреварувањето го започнува во Прилеп против екипата на Победа. Во прилог, целосниот распоред за двата круга од натпреварувањето.   raspored-vtora-mfl—istok-2019-2020

ЖДРЕПКАТА ОД 1/16 ФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА САКАШЕ ФК КАМЕНИЦА САСА СЕЗОНАТА ДА ЈА ЗАПОЧНЕ СО ЕПСКИ ДУЕЛ СО СТАРИОТ И ДОБАР ПРВОЛИГАШКИ ПОЗНАНИК, ВАРДАР ОД СКОПЈЕ

Почитувани љубители на фудбалската игра, Драги навивачи на ФК Каменица Саса, Ждрепката од 1/16 финалето на Купот на Македонија посака ФК Каменица Саса сезоната да ја започне со епски дуел со стариот и добар прволигашки познаник, екипата на Вардар од Скопје. Натпреварот се игра на 21 Август на Градскиот Стадион во Македонска Каменица и уште …

ФК КАМЕНИЦА САСА И ВО НАРЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Почитувани љубители на фудбалот, Драги верни навивачи на ФК Каменица Саса, Комитетот за Итност при ФФМ на состанокот одржан на 10.07.2019 година, врз основа на искажаниот интерес од ФК Каменица Саса за натпреварување во Втората Македонска Фудбалска Лига за сезоната 2019/2020 донесе одлука ФК Каменица Саса да биде 10-тиот член на Втората Македонска Фудбалска Лига …

(Видео) Македонска Каменица од Саботата си го има својот Џанлуиџи Буфон. Андреј Атанасовски е новиот голем голмански потенцијал на “Рударите”

Во Саботата во Македонска Каменица се одигра мини-турнир за фудбалерчињата од Детската Лига. Иако истиот немаше никакво резултатско значење, нашите фудбалерчиња се покажаа во одлично светло. Еден од нив е и малиот Андреј Атанасовски кој бранеше со стил. Браво за Андреј и посакуваме така да продолжи и во иднина.

МИНИ ТУРНИР – ФК КАМЕНИЦА САСА VS ФК МАЛ АЈАКС VS ФК БРЕЗОВИЦА ШТРБЦЕ (КОСОВО) (ФОТОГАЛЕРИЈА 2) 29.06.2019

Kако за крај на успешната фудбалска сезона за нашите најмлади фудбалери, одигран е мини-турнир во фудбал од пријателски карактер на кој учествуваа екипите на ФК Каменица Саса, ФК Мал Ајакс и ФК Брезовица (Косово). Турнирот пред се е организиран во насока на дружење и спортување без никакво резултатско значење. Фотографии од турнирот во текот на …

Мини Турнир – ФК Каменица Саса vs ФК Мал Ајакс vs ФК Брезовица Штрбце (Косово) (фотогалерија 1) 29.06.2019

Kако за крај на успешната фудбалска сезона за нашите најмлади фудбалери, одигран е мини-турнир во фудбал од пријателски карактер на кој учествуваа екипите на ФК Каменица Саса, ФК Мал Ајакс и ФК Брезовица (Косово). Турнирот пред се е организиран во насока на дружење и спортување без никакво резултатско значење. Фотографии од турнирот во текот на …

Со натпревари во Nea Pori со најдобрите фудбалерчиња во Грција и фудбалски натпревари на плажа заврши фудбалскиот камп за фудбалските надежи на ФК Каменица Саса

Младинските категории на ФК Каменица Саса гости на Arsenal Summer Camp во Калитеа, Грција

Продолжува континуираната грижа на Фудбалскиот Клуб Каменица Саса за своите младински категории. После неколкуте турнири и прекрасните резултати, овојпат младинските категории на ФК Каменица Саса се гости на Arsenal Summer Camp во Калитеа, Грција.    

НАЈМЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРЧИЊА НА ФК КАМЕНИЦА САСА СЕ ВРАЌААТ ШАМПИОНСКИ ОД РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА (ЦЕЛОСЕН ПРЕГЛЕД НА РЕЗУЛТАТИ)

Најмладите фудбалерчиња на ФК Каменица Саса се враќаат шампионски од Меѓународниот Детски Фудбалски Турнир во Благоевград, Република Бугарија. Генерациите 2009/10 на нашите надежи со 3 победи во натпреварите го освои турнирот, а генерациите 2010/11 со 2 победи и еден пораз го освоија 3 место во конкуренција на своите врсници. Резултати од натпреварите во генерациите 2009/2010 …