За навивачите

Прва наградна игра (квиз прашања) за навивачите на ФК Каменица Саса и љубителите на фудбалот во Македонска Каменица

Награда – USB-стик за највештиот и најинформираниот љубител на фудбалската игра

Кратко упатство :

Наградата ќе ја добие оној кој ПРВ И ТОЧНО ќе одговори на 5-те прашања кои следат во продолжение. Одговорите на навивачите треба да бидат постирани во коментар на постот (сликата) објавена точно во 17 часот и 15 минути на официјалната FACEBOOK-страница на ФК Каменица Саса.

До официјалната facebook-страна на ФК Каменица Саса можете да дојдете со притискање на полето FACEBOOK на нашата web-страна fkkamenica-sasa.mk
(веднаш над полето “За навивачите” на истата страна).

Прашањата се следниве :

1.Кој е капитен на сениорскиот тим на ФК Каменица Саса ? (фотос)

2.Кој поранешен фудбалер на ФК Саса кој е роден токму на денешен ден, има настапувано за Македонската Сениорска Фудбалска Репрезентација и за екипите на Силекс, Вардар, Мјалби, Фјолнир и Солвесборг ? (фотос)

3.Кој поранешен фудбалер на ФК Саса има настапувано за Македонската Кадетска Фудбалска Репрезентација и еден од натпреварите за истата го има одиграно токму на стадионот во Македонска Каменица со Кадетската Фудбалска Репрезентација на Бугарија ? (фотос)

4.Во која младинска категорија (пионери, кадети или младинци) ФК Саса играше во финалето на Фудбалскиот Куп на Република Македонија ?

5.Како се вика легендарната навивачка група на ФК Саса ?

СРЕЌНО !!! 😉