Почитувани љубители на фудбалот,
Драги верни навивачи на ФК Каменица Саса,

Комитетот за Итност при ФФМ на состанокот одржан на 10.07.2019 година, врз основа на искажаниот интерес од ФК Каменица Саса за натпреварување во Втората Македонска Фудбалска Лига за сезоната 2019/2020 донесе одлука ФК Каменица Саса да биде 10-тиот член на Втората Македонска Фудбалска Лига – Исток за сезоната 2019/2020. Оваа одлука не е донесена само заради интересот на нашиот клуб, туку е донесена бидејќи се исполнети сите критериуми за ФК Каменица Саса да се натпреварува во лигата, а тоа се спортските, административно-правните, инфраструктурните и финансиските критериуми согласно барањата за лиценцирање на ФФМ.

ОД ДЕНЕС И ОФИЦИЈАЛНО ФК КАМЕНИЦА САСА ОСТАНУВА ДА СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА.

Не чека огромна работа и многу мудри одлуки, а ќе ни треба силна желба, голема поддршка и верба во позитивни резултати.

Со почит,
ФК Каменица Саса

#МоетоСрцеЕЗеленоЦрно!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *