Почитувани љубители на фудбалската игра,
Драги навивачи на ФК Каменица Саса,

Ждрепката од 1/16 финалето на Купот на Македонија посака ФК Каменица Саса сезоната да ја започне со епски дуел со стариот и добар прволигашки познаник, екипата на Вардар од Скопје. Натпреварот се игра на 21 Август на Градскиот Стадион во Македонска Каменица и уште од денес Управата на нашиот омилен клуб најавува дека натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Вардар Скопје ќе биде вистински фудбалски спектакл, кој пред преполни трибини ќе ја отвори новата сезона за “Рударите”. Вардар по дифолт никогаш лесно не поминувал во Македонска Каменица, па се надеваме дека и овојпат ќе биде така.

Едно е сигурно, ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО !

#МоетоСрцеЕЗелено-Црно!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *