Започнаа интензивните подготовки за првиот натпревар на Генерација У12, У10 и У8

По вчерашниот состанок со координаторите на екипите од Источниот регион кои учествуваат во Детската Фудбалска Лига на ФФМ и по извршената ждрепка за првото коло за Генерација У12, У10 и У8, денес нашите млади таленти започнаа со интензивни подготовки за првиот натпревар. Генерација У12 и У10 на ФК Каменица САСА ќе си ги одмерат силите со ФК Малеш на домашен терен, додека Генерација У8 се слободни, бидејќи ФК Малеш не пријави екипа во оваа категорија. Но сепак тоа не ги спречи нашите најмлади ентузијасти да започнат со подготовките за новата сезона.

Напред иднино наша, ФК Каменица Саса и М.Каменица се горди на Вас!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *