Нешто добро ќе се случи на натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Брегалница

Фудбалскиот Клуб Каменица Саса продолжува со традиционалното посветување внимание на своите верни навивачи. Во насока на укажување благодарност до луѓето кои си го носат клубот во срцето, на натпреварот во НЕДЕЛА со екипата на Брегалница од Штип ќе биде подарен дрес на најсреќниот навивач. Секој навивач кој ќе дојде на трибините да го проследи еден од најинтересните натпревари сезонава, ќе добие бесплатен билет со сериски број, а по случаен избор еден билет ќе биде извлечен. Од клубот ФК Каменица Саса очекуваат полни трибини и возбудлив натпревар.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *