Богат фудбалски викенд за ФК Каменица Саса

Младинските категории на ФК Каменица Саса имаат исклучително богат викенд. Домашната публика ќе има можност да им се радува на фудбалерчињата од Детската Лига чии натпревари почнуваат во 10:00 часот во Сабота, за потоа богатиот домашен фудбалски репертоар да продолжи со натпревари на петлињата и помладите петлиња чии напревари започнуваат во 12:00 односно 14:00 часот. Во истиот ден пак, на гостински терен играат нашите пионери и помлади пионери и тоа со екипата на Кадино во Скопје. И секако, “шлагот на тортата“ ќе стави сениорскиот тим во Недела на натпреварот против Брегалница во 15:30 часот. Ве очекуваме на трибините!

Да им дадеме целосна и безрезерва поддршка на нашите јунаци! Да се радуваме заедно на победите!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *