Натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Брегалница Штип ќе биде од хуманитарен карактер

Почитувани навивачи,
Драги хумани луѓе,

Управата на Фудбалскиот Клуб Каменица Саса одлучи :

Натпреварот од 4-то Коло од ВМФЛ-Исток кој се игра утре, на Градскиот Стадион во Македонска Каменица освен од натпреварувачки карактер да биде и од хуманитарен.

Утре, на Градскиот Стадион во Македонска Каменица ќе биде поставен штанд за донации за собирање на финансиски средства за поддршка на Баба Рајна од с.Косевица која во Јули годинава во пожар го изгуби својот дом и сеуште живее со својот добиток. Целта е конкретна, првенствено да собереме средства за печка за греење и готвење за Баба Рајна со што целосно би се комплетирале потребите на Баба Рајна за внатрешниот простор од новиот дом кој се надеваме ќе биде изграден во најкраток можен рок. Доколку се обезбедат повеќе средства со Ваша помош, ќе излеземе заедно во пресрет на уште една фамилија од Македонска Каменица која има потреба од кујнска работна маса.

ФК Каменица Саса верува во хуманоста на граѓаните на Македонска Каменица и околните градови,

ФК Каменица Саса верува во големите срца на луѓето кои го сакаат фудбалот и спортот воопшто.

За броењето на донираните средства ФК Каменица Саса ќе обезбеди комисија која ќе направи Записник и во истата може да учествува било кој навивач или присутен на трибините.

УШТЕ ЕДНАШ ДА ПОКАЖЕМЕ ГОЛЕМИНА ! ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *