ФК Каменица Саса во овој момент го започнува натпреварот од 5-то коло од ВМФЛ – Исток во Гевгелија, кадешто ќе ги вкрсти копјата со екипата на Кожуф. Еден час пред натпреварот, екипа на fkkamenica-sasa.mk телефонски разговараше со Даниел Гоцевски, капитен на ФК Каменица Саса за денешниот натпревар. Еве што ни пренесе тој.

fkkamenica-sasa.mk : Г-дине Гоцевски за еден час започнува натпреварот ФК Кожуф – ФК Каменица Саса. Кои се Вашите очекувања од тој натпревар ?

Даниел Гоцевски : ФК Каменица Саса полека влегува во ритам, очекувам мојот тим да го даде максимумот и да продолжиме со добрите игри и резултати.

fkkamenica-sasa.mk : Има ли повредени/суспендирани играчи во тимот на ФК Каменица Саса ?

Даниел Гоцевски : Атмосферата во тимот е како никогаш досега. За среќа немаме повредени играчи, но под суспензија од еден натпревар е нашиот капитен кој нема да може да ни помогне денес. Сепак, за првпат право на настап од денес ќе имаат Чичевски и Димов, што е сигурно уште еден плус за екипата.

fkkamenica-sasa.mk : Ваша прогноза за натпреварот ?!

Даниел Гоцевски : Доколку сите го одработиме своето, верувам во 3-те бода.

fkkamenica-sasa.mk : Г-дине Гоцевски Ви благодариме за одвоеното време. Со среќа денес.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *