Младинските категории на ФК Каменица Саса денес го имаат својот ден, Во 3 натпревари 3 победи за зелено-црните. Последниот резултат досега ни пристигна од Струмица кадешто нашите надежи од Регионалната Југоисточна Лига за Петлиња, Генерација У14 , ја победија Беласица со 0:2 и ја остварија 2-та победа во првенството во исто толку натпревари и тоа без примен гол. Петлињата на ФК Каменица Саса се први на табелата по две одиграни кола. На натпреварот во Струмица ги водеше тренерот  Тоде Митев, кој го извади следниот состав на теренот :

1.Стоименов
4.Крстев
5.Димитров
6.Стефановски
8.Спасов
9.Велков
10.Костов
11.Воинов
17.Стојановски
18.Ангелов
19.Арсов

Во игра уште влегоа и : Николовски, Гичев, Костадиновски и Ангелов.

Головите за нашите надежи ги постигнаа Давид Костов во 59-та минута и Леон Велков во 65 минута од натпреварот.

Честитки за победата на нашите талентирани фудбалерчиња !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *