И покрај добрата игра, ФК Каменица Саса поразена се враќа од Гевгелија, кадешто вчера во натпреварот со Кожуф загуби со минимални 1:0. ФК Каменица Саса играше добро и имаше 3 полушанси, во првото полувреме на двапати преку Соколовски и еднаш преку Чичевски во вториот дел. Домаќините дојдоа во водство во 64′ минута преку Чурлинов.

ФК Каменица Саса не заслужи пораз, ама тоа е фудбалот. Сега треба натпреварот со Кожуф што побрзо да се заборави и да се стави фокус на мечот со Тиквеш во Сабота.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *