Во Сабота, на Градскиот Стадион во Македонска Каменица со почеток од 15:00 часот започнува еден од најинтересните натпревари од 6-то Коло од ВМФЛ – Исток, во кој нашите миленици ја пречекуваат екипата на Тиквеш. Неделава избраниците на Мите Митев тренираа напорно и најавуваат добра и концентрирана игра, која во корелација со поддршката од публиката ќе ги донесе посакуваните три бода. Во таборот на “Рударите” aтмосферата и мотивираностa е на високо ниво и затоа ги повикуваме љубителите на фудбалот да бидат дел од овој натпревар, затоа што ќе имаат што да видат.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *