ФК Каменица Саса продолжува со традиционалното посветување на внимание на своите верни навивачи. Во Сабота, ФК Каменица Саса ќе подари дрес од клубот на “најсреќното” selfie направено на натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Тиквеш, кој се игра на Градскиот Стадион во Македонска Каменица со почеток од 15:00 часот. Начинот на кој можете да учествувате во наградната игра за добивање на подарок – дрес е многу едноставен :

1.Морате да присуствувате на натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Тиквеш.

2.Во текот на 90-те минути од натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Тиквеш, правите selfie кое го постирате на официјалната фан-страница на клубот Фк Каменица Саса – https://www.facebook.com/Fk.Sasa/ со хаш-таг #МоетоСрцеЕЗеленоЦрно.

3.Доколку направеното selfie e групно за добитник се смета, навивачот кој го направил (сликал).

4.По натпреварот со апликација за случаен избор ќе се избере “најсреќното” selfie чиј креатор ќе биде добитник на дрес од клубот.

5.Секој навивач има право да постира само едно selfie во текот на 90-те минути од натпреварот.

6.Добитникот на дрес од ФК Каменица Саса ќе биде објавен на официјалната фан-страница на клубот Фк Каменица Саса – ttps://www.facebook.com/Fk.Sasa/ половина час по завршувањето на натпреварот.

7*.Доколку направеното selfie е официјална понуда за брак, во тој случај и двајцата “новопечени” брачни другари ќе добијат дрес од клубот и торта истотака подарок од клубот. (важи само за парови од Македонска Каменица).

СРЕЌНО !!! 😉

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *