Продолжува стопроцентниот учинок на најмладите фудбалерчиња на ФК Каменица Саса. Под водство на координаторот Стојче Милошевски и тренерите Златко Милошевски и Виолета Алексовска, денес нашите надежи забележаа две убедливи победи во исто толку натпревари. Нашите надежи прикажаа допадлив, напаѓачки фудбал и ферплеј игра и го демолираа денешниот противник Младост Тошев.

Резултати и стрелци :

ФК Каменица Саса – ФК Младост Тошев (У 12) 4:0 (1:0)

Стрелци : Петар Митревски, Стефан Трајков, Емануел Тасевски и Матеј Петрушов.

ФК Каменица Саса – ФК Младост Тошев (У8) 5:1 (2:0)

Стрелци : Mарко Веселиновски, Марко Алексовски, Петар Аралампиевски, Адријан Атанасов, Јане Ситновски.

Со гол и две асистенции, херој на денот и вистински водач е Петар Митревски a сите други фудбалерчиња денес беа маестрални.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *