Младинските категории го сочуваа фудбалскиот образ на ФК Каменица Саса. Денес победи во гости на пионерите и помладите пионери а во Петокот реми за нашите петлиња – генерација 2005 во Струмица.

Во Петокот, избраниците на Доминик Тенев ремизираа со цврстата екипа на Академија Пандев и ја задржаа лидерската позиција на табелата во Регионалната Југоисточна Лига за Петлиња (генерација 2005). Стрелец на изедначувачкиот гол за нашите надежи беше Давид Костов во 37′. Домаќините поведоа во 2 минута од натпреварот преку Марио Костов.

Денес пак нашите надежи од Третата Младинска Лига – Исток Пионери и Помлади Пионери остварија две победа во исто толку натпревари со соодветната екипа на Питу Гули. Во Демир Хисар под водство на Блажо Николовски и Дејан Михаилов нашите помлади пионери ја победија екипата на Питу Гули со 0:2 полувреме 0:1 со головите на Багевски Иван во 10′ и Стефче Антовски во 63′. Пионерите пак остварија победа со резултат 2:3 (полувреме 1:1) над соодветната екипа на Питу Гули со головите на Димитровски Филип во 3 и 50 минута и победоносниот гол на Давид Ѓорѓиевски во 60 минута од натпреварот.

Честитки за нашите талентирани млади фудбалери.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *