За малата Симона од срце ! Натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Победа ќе биде од хуманитарен каракер.

Почитувани љубители на фудбалската игра,
Драги навивачи на ФК Каменица Саса и хумани луѓе,

На иницијатива на раководството и спортските работници кои се дел од ФК Каменица Саса утрешниот натпревар помеѓу екипите на ФК Каменица Саса и ФК Победа Прилеп, кој се игра на Градскиот Стадион во Македонска Каменица со почеток од 14:30 часот ќе биде од хуманитарен карактер.

На трибините пред натпреварот ќе биде поставен штанд за донации за малата Симона од Штип која боледува од леукемија.

Утре ќе не обедини фудбалот, утре ќе не обедини победата, утре ќе не обедини и хуманоста.

ЗАЕДНО ДА ПОМОГНЕМЕ ! ЗАЕДНО ДА ПОБЕДИМЕ !

Со почит,

ФК Каменица Саса



За СИМОНА од СРЦЕ !
 
Телефонски број за донации преку мрежата на А1(ВИП): 143-460
 
 
 
Телефонски број за донации преку мрежата на Телеком: 070 143-424
Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *