За малата Симона од Срце ! – Фудбалерите и стручниот штаб на ФК Каменица Саса се приклучија кон хуманитарната акција за малата Симона од Штип

Фудбалерите и стручниот штаб на ФК Каменица Саса денес, во рамките на своите можности се приклучија кон хуманитарната акција за малата Симона од Штип, која боледува од леукемија.

Истовремено, почитувани навивачи и љубители на најважната споредна работа во светот Ве информираме дека на натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Победа Прилеп, кој се игра денес со почеток од 14:30 часот, на трибините ќе биде поставен штанд за донации, за малата Симона од Штип.

Денес ќе победи спортот, денес ќе победи фудбалот, денес ќе победи хуманоста !

Големи на терен, големи во срцата !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *