“Зелената подморница” “ја торпедираше” Слога од Виница за задржување на лидерското место на табелата. Херој на викендот е Александар Митевски.

Како шлаг на убавиот фудбалски викенд ни доаѓаат резултатите од Детската Лига – Исток, кадешто нашите надежи играат брилијантно под водство на тренерското трио Стојче Милошевски, Златко Милошевски и Виолета Алексовска.

Генерацијата на фудбалери на ФК Каменица Саса У12, попозната како “Зелената подморница”, предводена од Златко Милошевски продолжува со брилијантните настапи, овојпат совладана е екипата на Слога од Виница со 4:1 во гости, за останување на врвот на табелата. Во другите натпревари генерацијата на фудбалерчиња на ФК Каменица Саса У10 ја совлада Слога од Виница со 4:3, во гости, а таму маестрален беше Александар Митевски со хет-трик, кој воедно е и фудбалски херој на викендот. Во третиот натпревар, најмалите фудбалерчиња на ФК Каменица Саса У8 се поразени со 4:2 од соодветната екипа на Слога од Виница.

Резултати и стрелци :

ФК Слога Виница – ФК Каменица Саса У12 1:4

Стрелци : Петар Митревски, Кристијан Јованов и Марко Атанасов 2

ФК Слога Виница – ФК Каменица Саса У10 3:4

Стрелци : Александар Митевски 3, Матеј Петрушов

ФК Слога Винциа – ФК Каменица Саса У8 4:2

Стрелци : Maрко Алексовски, Марко Веселиновски

Честитки до сите фудбалерчиња од сите фудбалски генерација. Овој викенд сите бевте маестрални.

#МоетоСрцеЕЗеленоЦрно!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *