Сите на трибини за полуфинале во Купот на Македонија. Македонска Каменица во исчекување на најважниот младински натпревар овој месец.

Македонска Каменица е исправена пред нов фудбалски предизвик. Во Среда, на 30-ти Октомври на Градскиот Стадион во Македонска Каменица избраниците на тренерот Доминик Тенев, “петлињата” на ФК Каменица Саса го играат вториот натпревар од двомечот од 1/4 финалето на Купот на Македонија со екипата на Њу Старс. Пред една седмица во Скопје, нашите надежи беа мининално поразени со 4:3 и покрај водството од 1:3. Во Среда, сите погледи се свртени кон нашите надежи а сите патишта водат кон Градскиот Стадион во Македонска Каменица.

ФК Каменица Саса – ФК Њу Старс, Среда, 30-ти Октомври, Градски Стадион, Македонска Каменица, Почеток : 10 : 00 часот

За пласман во полуфиналето нашите надежи треба д надоместат еден гол негатива од првиот натпревар.

Ајде да им бидеме “ветер во грб” на нашите надежи !

Ајде да им ја дадеме најсилната навивачка поддршка која ја имале досега !

Заедно до победа ! Заедно за полуфинале !

*Во текот на денешниот и утрешниот ден, ќе бидат поставени плакати за информирање на сите љубители на фудбалот во Македонска Каменица.

СРЕЌНО МОМЧИЊА !!!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *