Почитувани навивачи на ФК Каменица Саса,
Драги пријатели и хумани луѓе,

ФК Каменица Саса се приклучи кон хуманитарната акција за финансиска поддршка на малата Симона од Штип, која за жал боледува од леукемија и ќе мора да се лекува.

Хуманитарните активности по однос на оваа хуманитарна акција беа поделени во два дела, првиот преку донации на фудбалерите и стручниот штаб на ФК Каменица Саса пришто беа соберени и донирани 3000 денари и преку штанд за донации на мечот ФК Каменица Саса – ФК Победа Прилеп пришто беа донирани 3130 денари или се вкупно беа донирани и уплатени на сметката на малата Симона од Штип вкупно 6130 денари.

ФК Каменица Саса упатува огромна благодарност до сите кои се приклучија кон оваа хуманитарна акција а на малата Симона и посакува што побрзо опоравување и многу многу детски насмевки и радости во иднина.

Со почит,

ФК Каменица Саса




Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *