Фудбалскиот Клуб Каменица Саса има сериозна причина да биде горд на своите младински категории. Само пред два дена, “Петлињата” на ФК Каменица Саса направија историски успех пласирајќи се во полуфиналето на Купот на Македонија за генерацијата 2005. Во еден машки одигран натпревар победена беше екипата на Њу Старс од Скопје со 2:0 што беше доволно да се анулира поразот од 4:3 од првиот натпревар и да се осигура пласманот во полуфиналето на Купот на Македонија, коешто ќе се игра напролет. Избраниците на Доминик Тенев оваа сезона играат прекрасен фудбал и се вистинско фудбалско семејство.

Благодарни на се што прават за промоција на младинскиот фудбал, за промоција на ФК Каменица Саса а истовремено горди на успехот кои го постигнаа и кој сигурни сме дека ќе го потврдат со пехар напролет, Фудбалскиот Клуб Каменица Саса сосема заслужено би ги нарекол младите фудбалерчиња на ФК Каменица Саса, ФУДБАЛСКИ ХЕРОИ ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ.

Честитки до тренерите Доминик Тенев и Тоде Митев !

Честитки до фудбалерите Лазе Гичев, Арсов Филип, Стефановски Стефан, Димитров Михаил, Велков Леон, Стојков Лазар, Николовски Бојан, Стоименов Александар, Христов Матеј, Филип Димитровски, Иван Багевски, Костадинов Жарко, Крстев Веско, Стојановски Христијан, Костов Давид, Воинов Михаил, Спасевски Давид, Крстевски Александар, Ангелов Валери и Ангелов Наум.

ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ ! ПРОДОЛЖУВАМЕ ХРАБРО СО ДВЕ ПОБЕДИ И ОСВОЈУВАЊЕ НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА !

#МоетоСрцеЕЗеленоЦрно!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *