Тимот на тренерот Доминик Тенев, нашите надежи кои се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија, денес ремизираа во првенствениот натпревар од регионалната ЈУГОИСТОЧНА лига за “Петлиња” со екипата на Осогово од Крива Паланка. Нашите надежи добро го почнаа натпреварот и го отворија резултатот со голот на Стојановски Христијан во 4-тата минута од натпреварот а гостите израмнија со голот на Бојан Митовски во 11-та минута од натпреварот. Во остатокот од натпреварот, ФК Каменица Саса пропушти неколку 100% шанси во првиот дел а истото важи и за екипата на Осогово од Крива Паланка за вториот дел од натпреварот.

Играч на натпреварот беше голманот на ФК Каменица Саса, Лазе Гичев.

Oна што вреди да се потенцира, е фактот дека ФК Каменица Саса за првпат после долги години, а можеби и за првпат воопшто вршеше пренос на фудбалски натпревар од младинските категории во живо.

#МоетоСрцеЕЗеленоЦрно!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *