Сениорите на ФК Каменица Саса го продолжуваат победничкиот низ. Вчера во Крушево со победата од 0:2 над екипата на Питу Гули, ја остварија и третата победа по ред, четврта во последните шест натпревари. Во тврд натпревар, во кој домаќините покажаа на моменти и доста груба игра, ФК Каменица Саса искористи две од многуте шанси и заслужено и рутинирано славеше со 0:2. Стрелец на првиот гол беше Горан Здравков од пенал во 42 минута, откако противнички играч непрописно стартуваше врз Ненад Нешовски. “Нешо” беше главен “виновник” и за вториот гол, кога по негов центаршут домашниот играч Мургоски си ја погоди сопствената мрежа. Тоа се случуваше во 44-та минута од натпреварот. Со резултат од 0:2 се отиде на полувреме, за со истиот резултат и да заврши натпреварот. Конечни ФК Питу Гули – ФК Каменица Саса 0:2.

Натпреварот со Питу Гули беше вистински тест за “рударите” пред големиот натпревар кој ги очекува во Недела, кога дома го пречекуваат лидерот на табелата, тимот на ФК Беласица од Струмица.

Се спрема ли спектакл во Недела во Македонска Каменица ?

Комплетна анализа од натпреварот ФК Питу Гули – ФК Каменица Саса како и highlights од истиот, во Вторник.

MoетоСрцеЕЗеленоЦрно!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *