Започна фудбалскиот викенд за ФК Каменица Саса. Во натпреварите кои се играа денес претпладне на помошниот фудбалски стадион во Македонска Каменица, ФК Каменица Саса оствари победа и пораз во дуелот со Тивкеш Кавадарци. Богатиот фудбалски викенд го отворија Помладите Пионери на ФК Каменица Саса кои со головите на Јованов Христијан во 3-тата минута и Гоцевски Димитар во 14-тата минута од натпреварите ја совладаа соодветната екипа на Тиквеш од Кавадарци. Пионерите на ФК Каменица Саса, пак имаа лош ден и се поразени од своите врсници од екипата на ФК Тиквеш Кавадарци.

Централниот фудбалски настан викендов е закажан за утре, кога на Градскиот Стадион во Македонска Каменица, сениорскиот тим на ФК Каменица Саса го пречекува лидерот на табелата во ВМФЛ-Исток, Беласица од Струмица.

#МоетоСрцеЕЗеленоЦрно!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *