Денес нашите надежи ги одиграа двата заостанати натпревари од Детската Лига – Исток. Нашите талентирани фудбалерчиња од Генерации 2007 и 2009 забележаа две победи во дуелите со соодветните екипи на ФК Кит-Го од Пехчево. “Зелената подморница” (ФК Каменица Саса У-12) односно тимот на Златко Милошевски алијас Пeп Гвардиола славеше во Пехчево со 2:1, а додека тимот на Стојче Милошевски алијас Јирген Клоп (ФК Каменица Саса У-10) оствари победа од 3:1. 2 од 2 за тренерското трио Стојче Милошевски – Златко Милошевски – Виолета Алексовска.

Она на што истотака треба да бидеме горди, е информацијата дека денес, после 15 денови тренинг првиот официјален натпревар иако пријателски го одигра новоформираната генерација на ФК Каменица Саса, дечиња родени 2014 и 2015 година.

Натпреварот се одигра денес во Штип кадешто нашите фудбалерчиња првото фудбалско деби го имаа со екипата на Форца Штип.

Детската Лига – Исток продолжува утре. На Градскиот Стадион во Македонска Каменица со почеток од 13:00 копјата ќе ги вкрстат ФК Каменица Саса У-10 0 ФК Кочани У-10.

#МоетоСрцеЕЗеленоЦрно!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *