Фудбалскиот викенд за ФК Каменица Саса продолжува со исто темпо. Денес на репертоарот се натпреварите од Регионалната ЈУГОИСТОЧНА Лига за помлади петлиња и петлиња. Првите својот натпревар го играат за 45 минути, кога на Градскиот Стадион во Македонска Каменица ќе ја пречекаат екипата на Слога 1934 Виница. Вистинското фудбалско уживање доаѓа во 11 часот и 30 минути, кога на Градскиот Стадион во Македонска Каменица “Шампионскиот тим” на Доминик Тенев или “Каменичкиот Лестер” како што фудбалските фанатици милуваат да го наречат ќе ја пречека Беласица од Струмица во борбата за есенски шампион во Регионалната ЈУГОИСТОЧНА Лига за Петлиња.

Да им посакаме успешен настап и на двата тима на ФК Каменица Саса.

#МоетоСрцеЕЗеленоЦрно!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *