Македонска Каменица е на нозе. Вечерва, Каменичката Фудбалска јавност ја “наежи” чудото од дете, нашиот Влатко Стојановски, кој во деби настапот за репрезентацијата постигна гол. Старата Гарда “Багери” составена од поранешни спортски работници, новинари, навивачи и вљубеници во најважната споредна работа во светот, вечерва спонтано се собра да го прослави голот на Влатче Стојановски.

Ова се моменти за историја !

Ова се моменти поради кои се сака фудбалот !

Влатче, Македонска Каменица е горда на тебе !

Влатче, Фудбалска Македонија е горда на тебе !

Во насока на укажување на благодарност за промовирањето на фудбалскиот клуб Саса, ФК Каменица Саса и покрај тоа што досега многупати му се има заблагодарено на Влатко Стојановски, овојпат во знак на благодарност ќе му додели признание за посебни заслуги во промовирањето на Фудбалскиот Клуб Каменица Саса и младинските категории на истиот.

ВЛАТЧЕ ТИ БЛАГОДАРИМЕ !!!

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *