По комплетирањето на 9-тото Коло од Детската Лига – Источен Регион, Генерацијата У-12 на ФК Каменица Саса, популарната “Зелена Подморница” на Златко Милошевски сериозно го напаѓа првото место на Фудбал Старс. Со натпреварите одиграни во Саботата, “Зелената Подморница” заостанува една победа или три бода зад ФК Фудбал Старс. Со дисциплинирана игра и тренинзи, со многу работа и желба, со спроведување на советите од тренерот Милошевски и со поддршка од публиката, оваа генерација има големи шанси да стане шампион во Детската Лига – Источен Регион.

Во натпреварите пак од Неделата, во кои ФК Каменица Саса ја пречека екипата на ФК Кочани постигнати се следниве резултати :

ФК Каменица Саса У10 – ФК Кочани У10 2:1 – Тренер Стојче Милошевски

ФК Каменица Саса У8 – ФК Кочани У8 4:3 – Тренер Виолета Алексовска

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *