Драги фудбалски фанатици,
Почитувани навивачи на ФК Каменица Саса,

86 часови ги делат фудбалерите на шампионскиот тим на Доминик Тенев од титулата “ЕСЕНСКИ ШАМПИОНИ”. Вo Недела на Градскиот Стадион во Македонска Каменица “петлињата” на ФК Каменица Саса ќе ги вкрстат копјата со екипата на Академија Пандев во борбата за прво место на табелата. ФК Каменица Саса е прва на табелата со 19 бодови, а втора е токму Академија Пандев со 17 бодови, што значи и со реми нашите надежи ќе презимат на првото место на табелата. Но, во разговор со нашите фудбалерчиња, дадено ни е дознаење, дека победата е императив и ремито воопшто не го земаат како опција. Затоа, навивачи и фудбалски фанатици во Недела да ги наполниме трибините и да ги поздравиме нашите надежи кои ќе дадат се да бидат есенски шампиони.

Среќно момчиња !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *