Драги навивачи на ФК Каменица Саса,
Почитувани фудбалски фанатици,

Фудбалскиот Клуб Каменица Саса е горд на своите поранешни фудбалери и секогаш укажува внимание и почит кон истите. “Чудото од момче” Влатко Стојановски e еден од најдобрите фудбалери кои некогаш настапувале за ФК Каменица Саса а во моментот најверојатно е најдобриот македонски фудбалер. Во тоа име а и како мотив за добар натпревар во Сабота-вечер, кога екипата на Ним го пречекува Мец и кога сите очекуваме конечно нашиот “Влатче” да биде стартер, ФК Каменица Саса утре, 15-тина минути пред почетокот на натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Кожуф Гевгелија (кој се игра утре, Сабота, 30.11.2019 година, со почеток од 13:00 часот на Градскит Стадион во Македонска Каменица) ќе му додели благодарница и признание за се она што го има направено за ФК Каменица Саса, но и за македонскиот фудбал воопшто.

ВЛАТЧЕ ТИ БЛАГОДАРИМЕ !

Од управата на ФК Каменица Саса

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *