Пионерите на ФК Каменица Саса во Неделата извојуваа тешка победa на екипата на Кадино. Натпреварот од 12-то коло помеѓу овие две екипи помина со игра претежно на средината на теренот и еден момент го реши натпреварот. Во 80-тата минута од натпреварот по еден добро изведен слободен удар, во противничкиот шеснаесетник најдобро се снајде играчот на ФК Каменица Саса Андреј Таковски и им донесе победа на домаќините.

Своја кратка изјава за текот на натпреварот даде Валери Стаменовски.

Валери Стаменовски : “Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Одигравме на висина задачата, храбро и мотивирано. Среќата беше на наша страна и трите бода останаа во Македонска Каменица. Упатувам честитки до моите соиграчи за залагањето, но и до фудбалерите на ФК Кадино за коректниот и фер-плеј натпревар. Со мислите веќе сме во Скопје, кадешто утре и гостуваме на екипата на Сарај”

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *