Во денешните натпревари од последното коло за оваа полусезона од Третата Младинска Лига за Пионери и Помлади Пионери, нашите надежи остварија една победа и еден нерешен резултат.

Помлади Пионери на ФК Каменица Саса во дуелот со своите врсници од екипата на Питу Гули, славеа со резултат од 3:1, со головите на Иван Багевски, Димитар Гоцевски и Леонид Стоиловски.

Пионерите на ФК Каменица Саса одиграа “само” 0:0 со соодветната екипа на Питу Гули од Крушево и за “влакно” испуштија да се искачат на 4-тото место на табелата која го означува крајот на есенскиот дел. Но, простор за разочарување нема, бидејќи вистинските возбудувања допрва доаѓаат со почетокот на пролетниот дел.

И двете екипи на ФК Каменица Саса есенскиот дел од сезоната 2019/20 го завршија на 6-тото место.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *