Драги селектори на Младинските Фудбалски Репрезентации на Македонија,

ФК Каменица Саса има огромна почит кон она што го работите и искрено верува во начинот на кој ги водите своите селекции. Но, кога се работи за успесите на Фудбалските Репрезентации на Македонија секоја добронамерна сугестија би можело да биде од полза, нели ?

Во таа насока, Фудбалскиот Клуб Каменица Саса Ве поканува да ги погледнете младинските категории на истиот, да ни побарате а ние да Ви доставиме статистики и анализи за буквално секој наш младински фудбалер, па потоа Вие да одлучите дали некој од нашите таленти би можел да биде “пробан” за понатамошен репрезентативен ангажман.

Искрено веруваме во Вашата работа и затоа Ве покануваме да ги свртите погледите кон нашите младински категории :

  • Петлињата кои се натпреваруваат во Регионалната Југоисточна Лига за Петлиња на Македонија, генерација која е есенски шампион во своето натпреварување, полуфиналист во Купот на Македонија и која претставува компактен тим составен од фудбалери со индивидуални квалитети, почнувајќи од голманот, преку дефанзивците и средниот ред до еден од најдобрите стрелци во лигата.
  • Помладите пионери кои се натпреваруваат во Третата Младинска Лига и кои освен фудбалската слога и тимскиот дух имаат и прекрасни индивидуални квалитети, почнувајќи од прекрасниот голман кој го имаме, преку дефанзивната линија, кадешто го имаме можеби и дефанзивецот со најмногу голови во лигата, преку средниот ред па се до офанзивната линија.
  • Пионерите кои се натпреваруваат во Третата Младинска Лига кои истотака се прекрасен тим, од голман до напаѓач, со млади и талентирани фудбалери кои нестрпливо ja чекаат својата шанса и своите “пет минути”.

Почитувани селектори на Младинските Фудбалски Категории на Македонија,

Фудбалскиот Клуб ФК Каменица Саса верува во Вашата работа и широко Ви ги отвора вратите за соработка и заеднички успеси.

ГОРДО ЗА МАКЕДОНИЈА !

Со почит,
ФК Каменица Саса

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *