ФК Каменица Саса денес ја започна еко-акцијата “Дај гол, засади дрво”. Денес, со поддршката на Јавното Комунално Претпријатие Камена Река, членови на управата на клубот во друштво на млади дечиња и фудбалерчиња на ФК Каменица засадија 100 дрва одбележувајќи ги првите 100 голови оваа сезона. Наредните 97 дрвца ќе бидат засадени во месец Јануари.

Ова е наш уникатен начин да и се одолжиме на природата и упатуваме повик до сите фудбалски и спортски клубови да ни се приклучат.

Со почит,
ФК Каменица Саса

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *