ФК Каменица Саса е општествено одговорен клуб, кој од денес за започнува нова иницијатива која се надеваме ќе прерасне во една голема и успешна кампања чиј конечен резултат ќе биде целосна инклузија на лицата со посебни потреби во фудбалот во Македонија. Под мотото “Фудбал за сите.””Сите сме исти.” ФК Каменица Саса ќе анимира фудбалски тимови (4+1), (5+1) и сл. токму од нашите пријателчиња од Дневниот Центар во Македонска Каменица и ќе повика на истото во другите градови, па да се надеваме дека наскоро ќе се одржи и првиот пријателски натпревар помеѓу екипата на ФК Каменица Саса и некоја екипа од Фудбалска Македонија.

За оваа иницијатива претставници од ФК Каменица Саса ќе имаат и средба и разговори со претставници на ФФМ.

СИТЕ СМЕ ИСТИ !

Со почит,

Управа на ФК Каменица Саса

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *