Младиот и талентиран напаѓач на ФК Каменица Саса, Филип Николовски која одлучи да замине на “фудбалска печалба” во Малта, го имаше својот деби-настап за Фудбалскиот Клуб “Сирени” У-17 во Малтешкото фудбалско првенство. Филип Николовски до пред една година беше фудбалер на младинските категории на ФК Каменица Саса, беше вистински кошмар за противничките голмани и еден од најдобрите стрелци на младинските категории на ФК Каменица Саса. ФК Каменица Саса е горда на Филип и му посакува многу успеси во кариерата која допрва треба да ја гради.

Филип, имаш голем поздрав од ФК Каменица Саса а уште поголем од твоите соиграчи од младинските категории на ФК Каменица Саса.

СТИСКАМЕ ПАЛЦИ ЗА ТЕБЕ, БУДНО ЌЕ ГИ ПРАТИМЕ ТВОИТЕ НАСТАПИ И ЌЕ СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ЕДЕН ДЕН ЌЕ ТЕ ГЛЕДАМЕ КАКО ДЕЛ ОД НЕКОЈ ГОЛЕМ ЕВРОПСКИ КЛУБ !

САМО НАПРЕД И САМО ХРАБРО ФИЛИП !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *