ФК Каменица Саса денес на Градскиот Стадион во Македонска Каменица го одигра првиот подготвителен натпревар пред почетокот на пролетниот дел од ВМФЛ-Исток, сезона 2019/20. Возрасниот мудрец Мите Митев, денес “фудбалски експериментираше” со составот и оправдано шанса добија многу фудбалери. ФК Каменица Саса натпреварот го почна со “Спајдермен” на голот, “педантниот” Кировски, “железниот” Миленковски, “повратникот” Додевски и “новајлијата” Пешевски во одбраната, во средниот ред беа првотимците од претходната полусезона Гоцевски, Здравков, Божинов и Ѕурѕу, а во нападот беа Соколовски и младиот и талентиран фудбалер на ФК Каменица Саса кој е производ на младинските категории на клубот, Филип Гоцевски попознат во фудбалската јавност како “Ибрахимович”. Нашите фудбалери добро го започнаа натпреварот и ја имаа контролата врз истиот, па така прво Здравков а потоа и Ѕурѕу погодија за 2:0 за домаќините, гостите пак успеаја да го искористат опуштањето во играта на домаќините после 65 минута од натпреварот, како и “оправданото експериментирање” на Митев на различните позиции , па така преку Крклински и Паунов израмнија на 2:2, што беше и конечен исход на натпреварот. Во тимот на ФК Каменица Саса шанса добија и Ѓеоргиевски, Стојков, Крстов, Николовски, Стаменовски, Чичевски, Јовановски, Младеновски, Јаневски и Антовски.

ФК Каменица Саса ги продолжува контролните натпревари во Бугарија, кадешто во четврток гостува на ФК Ќустендил.

Храбро момци !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *