Сениорскиот тим на ФК Каменица Саса ги отвори вратите за талентираните младински фудбалери на клубот. Фудбалерите на младинските категории Стефче Антовски, Андреј Таковски и Валери Стаменов се “прекомандувани” во сениорскиот тим на ФК Каменица Саса. Убаво е кога младите фудбалери добиваат шанса и во наредниот период уште некој “младинец” ќе биде “прекомандуван” во сениорскиот тим на ФК Каменица Саса, што треба да биде стимул за сите фудбалери на младинските категории на клубот, да работат напорно, да го негуваат талентот и да бидат трпеливи, бидејќи 5-те минути на секој еден од нив, допрва доаѓаат.

Стефче Антовски – Одбрана
Висина 1,76 м, Тежина 65 кг
Валери Стаменов – Средина, Напад
Висина 1,69 м, Тежина 60 кг
Андреј Таковски – Одбрана
Висина 1,83 м, Тежина 67 кг
Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *