Нашите миленици, фудбалерите на ФК Каменица Саса, денес на Градскиот Стадион во Македонска Каменица го одиграа вториот пријателски меч од подготвителниот период пред почетокот на пролетниот дел од ВМФЛ-Исток, сезона 2019/20. Тренерот на ФК Каменица Саса Мите Митев може да биде задоволен од она што го прикажаа фудбалерите на ФК Каменица Саса на денешниот натпревар. Сите фудбалери на ФК Каменица Саса кои влегоа во игра, го дадоа својот максимум и одиграа одличен натпревар. Први во водство дојдоа гостите и со 0:1 се замина на полувреме. Во второто полувреме Силекс го зголеми водството на 0:2. Но, токму во тие моменти ФК Каменица Саса покажа дека и во иднина ќе биде екипа со карактер, па така се врати во натпреварот со головите на Ѕурѕу и Станковски, за 2:2 и кога сите очекуваа крај на натпреварот и нерешен резултат, сепак гостите успеаја да погодат и со 3:2 да го добијат натпреварот со мотивираната екипа на ФК Каменица Саса.
Она што треба да се спомене за денешниот натпревар е дека гол-првенец даде новото засилување на ФК Каменица Саса, Марио Станковски, а младиот и талентиран Ѕурѕу го даде својот втор гол во исто толку натпревари.

Честитки до фудбалерите на ФК Каменица Саса за одличниот натпревар и честитки до екипата на Силекс за фер-плеј однесувањето на зелениот терен.


Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *