ФК Каменица Саса продолжува со своите подготвителни натпревари пред почетокот на вториот дел од ВМФЛ – Исток, сезона 2019/20. Денес во Виница, ФК Каменица Саса беше подобра од Слога од Виница и славеше со 2:1. Стрелци на головите на натпреварот беа фудбалери на ФК Каменица, еден поранешен и двајца сегашни. Слога од Виница го отвори натпреварот преку поранешниот одличен фудбалер на ФК Каменица Саса Бојан Иванов – Пикси и со 1:0 се замина на полувреме. Во вториот дел “возрасниот мудрец” направи повеќе замени, тестирајќи ги сите фудбалери што впрочем е и вистинската цел на овие пријателски натпревари. ФК Каменица Саса дојде до целосен пресврт во вториот дел со головите на Марио Станковски со глава на почетокот на второто полувреме и на младиот и талентиран фудбалер на ФК Каменица Саса, производ на клубските младински категории, Филип Гоцевски попознат како “Ибрахимовиќ” на 5 минути до крајот на натпреварот.

Конечни : ФК Слога Виница – ФК Каменица Саса 1:2

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *