Сениорскиот тим на ФК Каменица Саса е понижен во Велес во првиот натпревар од пролетниот дел од Втората Македонска Фудбалска Лига – Исток. И покрај тоа што многу работи им се поклопија на нашите миленици како што беше неиграњето пред повеќеилјадна публика во Кавадарци, сепак нашите миленици не беа ни малку на висина на задачата, па беа надиграни во секој поглед и убедливо поразени од екипата на ГФК Тиквеш. Натпреварот започна со теренска иницијатива на ФК Тиквеш и во текот на целото прво полувреме се играше на страната на ФК Каменица Саса. Нашите миленици створија само една полушанса, кога Станковски биеше непрецизно со глава. Фудбалерите на Тиквеш имаа неколку полушанси, но натпреварот со “непопуларни” 0:0 отиде на пауза. И доколку нашите миленици изиграа како во првото полувреме па макар и да загубеа, никој немаше да им најде маана. Но, тие во соблекувалните како да се “исплашија” и излегоа на терен во второто полувреме, неорганизирани и немоќни. Во второто полувреме одбраната беше “промаја”, средниот ред “блед”, а напаѓачите “незаинтересирани набљудувачи”. Се играше 56-тата минута од натпреварот кога Божинов упати корисна топка во 16-никот на Тикеш, Станковски имаше убава замисла ама не и реализација, па наместо ние да дадеме гол, Тиквеш направи брз противнапад, многу чудно топката “помина” покрај 7-8 наши фудбалери без да ја допрат, од десната страна центаршут и Александар Мишовски кој истотака “чудно” беше сам во нашиот шеснаесетник, шутираше прецизно за 1:0. Минута подоцна 2:0. Слична акција како при првиот гол, само сега од левата страна, Тиквеш со 3-4 играчи во полето на ФК Каменица Саса им ја сокри топката на нашите 7-8 играчи, центаршут и гол на Марјан Ристовски. Три минути подоцна 3:0 за Тиквеш, се играше по левата страна, кога играч на Тиквеш упати центаршут кој “чудно” прелета 7-8 наши фудбалери и Александар Вареловски умешно ја скроти топката, го помина и Силјановски и зголеми на 3:0. Во 79-тата минута Балдовалиев стави точка на натпреварот уште еднаш докажувајќи го фудбалскиот факт на натпреварот, а тоа беше дека нашите миленици како да “бегаа” од топката посебно во одбрана.

Конечни 4:0 за Тиквеш. Честитки до фудбалерите на Тиквеш, честитки и до судиската четворката на натпреварот.

Се надеваме дека тренерот на ФК Каменица Саса во најкраток можен рок, ќе ги собере фудбалерите, заедно ќе го изанализираат денешниот натпревар и ќе научат нешто од грешките.

Во наредното коло ФК Каменица Саса ја пречекува екипата на ФК Плачковица и тоа е прекрасна можност да се заборави денешниот лош ден.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *