Пионерите на ФК Каменица Саса ја подобруваат својата форма од натпревар во натпревар. Резултат на тоа е 4 натпревари без пораз, односно 2 победи и 2 нерешени натпревари и гол разлика 4:0. Цели 360 минути нашите надежи немаат примено гол, за тоа е и тоа како заслужен нашиот голман Дарко Донев кој не само што не прими гол на 4 натпревари, вчера беше и стрелец од пенал, во натпреварот со Кит-Го од Пехчево.

Да им посакаме на нашите надежи да ја продолжат успешната серија.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *