ФК Каменица Саса ја очекува богат фудбалски викенд. Сениорите ја пречекуваат ФК Плачковица во Сабота на Градскиот Стадион во Македонска Каменица. Пионерите и помладите пионери ден потоа играат со истиот противник на Градскиот Стадион во Македонска Каменица со почеток од 12:00 односно 14:00 часот. Петлињата и помладите петлиња го започнуваат првенството во гости во Недела. Нивен домаќин ќе биде Академија Постолов, а натпреварите започнуваат во 09:00 и 10:30 часот и ќе се играат во н.Леваци,Штип. Најмладите надежи на ФК Каменица Саса првенството го започнуваат во Берово со екипата на Малеш (генерации 2007/08 и 2009/10.

Да им посакаме успешен викенд на нашите миленици !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *