Помладите пионери на ФК Каменица Саса кои ги води тренерот Дејан Михаилов продолжуваат со одлични настапи. Денес во прекрасен натпревар ја совладаа соодветната екипа на Плачковица од Радовиш со 1:0. Натпреварот беше решен на самиот старт на натпреварот, кога во 6-тата минута од натпреварот прецизно стрелаше Христијан Јованов. Нашите миленици имаа уште неколку шанси преку брзиот Димитар Гоцевски, но среќата беше на страната на Плачковица. Одлични настапи за помладите пионери имаа буквално сите фудбалери, почнувајќи од голманот Лео Стоиловски па другиот Лео Стоиловски кој е столб во одбраната, брзоногиот Атанасовски Филип беше фантастичен по левата страна и имаше прекрасни трансформации од одбрана во напад, одлични беа и Спасев, Стаменковски Јасмин, Иван Багевски во нападот, Гицов, Томов и стрелецот Јованов Христијан. Капитенот Стефче Антовски беше смирен и дисциплиниран во одбраната, токму онака како што му доликува на еден млад фудбалер кој тренира со сениорскиот тим на ФК Каменица Саса. Од клупата силна поддршка беа и Атанасовски, Стојановски, Гоцевски, Стојчев и Темелков.

Помладите пионери наредното коло го играат повторно дома, кадешто во директен дуел со екипата на Осогово од Кочани ќе се борат за 4-тото место на табелата.

Пионерите на ФК Каменица Саса предводени од Баже Николовски го продолжуваат победничкиот од. Со денешната победа од 2:1 над соодветната екипа на Плачковица се искачија на 4-тото место на табелата. Прекрасни настапи денес имаа “сениорите” Алекс Стоименовски, Валери Стаменовски, Таковски Андреј и Дарко Донев, но свој ден имаа и голгетерот Иван Миленковски кој погоди за 1:0 уште во 4-тата минута, Цековски кој погоди во 11-тата минута.Денес одлични беа и Гоцевски, Ѓеоргиевски, Стојчев, Николовски, Крстевски а од клупата својата шанса успешно ја искористија и Димитровски, Ѓорѓиевски, Ибраимов, Михаел Јангеловски и Никола Стоиловски.

Она што е вредно да се спомене е дека Пионерите на ФК Каменица Саса денес примија гол по 429 минути одиграни без примен гол и од денес пионерите и официјално се 4-ти во нивната конкуренција.

ЧЕСТИТКИ И ЗА ДВЕТЕ ЕКИПИ !



Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *