Шампионскиот тим на ФК Каменица Саса кој е под водство на Доминик Тенев денес го направи првиот голем чекор кон освојување на титулата во Регионалната Југоисточна Лига за Петлиња во сезоната 2019/20. Денес во Штип, нашите шампиони го демолираа составот на директниот конкурент за титулата, екипата на Академија Постолов со висока 5:1. Стрелци за нашите надежи беа Стефановски Стефан 2, Јованов Филип 2 и Ефтимов Радослав 1. Со оваа победа избраниците на Доминик Тенев (инаку во Каменичката фудбалска јавност познат и како Алекс Фергусон) ја зголемија предноста во однос на второпласираната Академија Постолов на 7 бодови. Истиот овој тим на 17 Март во Македонска Каменица го игра и првиот меч од полуфиналниот двомеч од Купот на Македонија со екипата на Вардар.

Честитки момци !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *