Почитувани фудбалска фанатици и вљубеници во најважната споредна работа во светот,
Драги навивачи на ФК Каменица Саса,

ФК Каменица Саса во наредниот период, период во кој сите треба да останеме дома одлучи да направи интервјуа со многу наши поранешни фудбалери. Човекот кој прв “ќе го скрши мразот” е Зоран Васевски, за кој преку ова интервју ќе се обидеме да му направиме своевиден ретро-портрет. Ова е интервјуто со Зоки Васевски.

ФК Каменица Саса : Здраво Зоки, како си ?
Зоран Васевски : Супер, се надевам дека и Вие сте добри во овие тешки времиња.

ФК Каменица Саса : Знаеме дека има посебно место во срцето на навивачите на ФК Каменица Саса за тебе. Како се чувствуваш кога доаѓаш во Македонска Каменица ?
Зоран Васевски : Кога доаѓам за Македонска Каменица се чувствувам и така и така, ама кога си заминувам од Македонска Каменица ми е многу тешко.

ФК Каменица Саса : Кога започна твојата фудбалска кариера ?
Зоран Васевски : Moјата фудбалска кариера започна во далечната 1986-та година, во пионерскиот тим на ФК Слога од Виница.

ФК Каменица Саса : Кога започна твоето професионален фудбалски ангажман, кој е првиот клуб во кој настапи како професионален фудбалер ?
Зоран Васевски : Moјот прв професионален ангажман е во 1990-та година, токму во ФК Саса, во време кога покојниот Тихомир Ѓеоргиевски – Тише беше дел од раководството на клубот, чија понуда неможев да ја одбијам, и неизмерно сум му благодарен што ми даде шанса да го носам зелено-црниот дрес.

ФК Каменица Саса : За кои клубови имаш настапувано ?
Зоран Васевски : ФК Слога од Виница, ФК Саса од Македонска Каменица, ФК Слога Југомагнат Скопје, ФК Скопје од Скопје, ФК Победа од Прилеп, ФК Работнички од Скопје, ФК Вардар од Скопје, ФК Куманово од Куманово и ФК Заксен од Лајпциг Германија.

ФК Каменица Саса : Кога за првпат го облече дресот на ФК Саса ?
Зоран Васевски : Првпат го облеков зелено-црниот дрес во месец Август, 1990-та година, против екипата на Осогово.

ФК Каменица Саса : Колку години играше во ФК Саса ?
Зоран Васевски : Во ФК Саса настапував во периодот од 1990-та до 1996-та година и во 2000-та година во период од 6 месеци

ФК Саса – 2000-та година

ФК Каменица Саса : Се сеќаваш ли колку голови имаш дадено за клубот ?
Зоран Васевски : Незнам точно, имам дадено доста голови за ФК Саса и би било убаво ако успеете да обезбедите една таква статистика.

ФК Каменица Саса : Ако треба да бираш кој натпревар во дресот на ФК Саса ти е најдраг, а кој најтажен ?
Зоран Васевски : Најдраг натпревар во дресот на ФК Саса ми е натпреварот со тогаш силната Слога Југомагнат во Скопје кога ги совладавме со 0:2 и станавме шампиони во Македонската Лига, а најтежок ми е натпреварот со Борец Велес, дома во Македонска Каменица.

Шампионскиот тим на ФК Саса која ја освои Македонската Лига во 1992-та година

ФК Каменица Саса : На кој гол најмногу се сеќаваш ?
Зоран Васевски : Тоа секако е голот кој му го дадов на Осогово во 1991-та година, на натпревар во кој играв со температура.

ФК Каменица Саса : Знаеме дека ФК Саса во Ваше време беше силен колектив и професионалноста беше одлика на клубот, одевте ли често во карантин ?
Зоран Васевски : Да, да, секако.

Припреми во Бугарија
Припреми во Дојран

ФК Каменица Саса : Кој ти беше цимер додека бевте во карантин ?
Зоран Васевски : Марјан Атанасов.

ФК Каменица Саса : Кои беа твои соиграчи и би можел ли да ни издвоиш кој од нив, беше најдисциплиниран, а кој “знаеше” да фати кривина ?
Зоран Васевски : Најдисциплиниран беше Влатко Гошев, а најголем “кривинаш” Марјан Атанасов :).

ФК Каменица Саса : Ќе можеш ли да ни одвоиш некој интересен момент од твоето играње во ФК Саса ?
Зоран Васевски : Еден таков момент беше на натпреварот со Караорман во Струга, кога дадов гол од центарот и домаќините испаднаа. После два часа, со полициска придружба едвај некако успеавме да го напуштиме стадионот.

ФК Каменица Саса : Што ќе кажеш за публиката на ФК Саса ?
Зоран Васевски : Едно големо БРАВО.

ФК Каменица Саса : Беше ли празник денот кога ФК Саса играше дома ?
Зоран Васевски : Да, секако.

ФК Каменица Саса : Ти недостига ли клубот ?
Зоран Васевски : Многу.

ФК Каменица Саса : Го пратиш ли сегашниот развој на клубот, што би предложил, што ти се допаѓа, а што би можело да се корегира ?
Зоран Васевски : Секогаш ги пратам настапите на клубот и мислам дека сте на добар да го вратите онаму кадешто припаѓа, во Првата Македонска Фудбалска Лига.

ФК Каменица Саса : Имаш ли настапувано во македонска фудбалска репрезентација?
Зоран Васевски : Да, во А фудбалската репрезентација на Македонија имам 3 настати, додека во У-21 фудбалската репрезентација на Македонија имам настапено 30-тина пати, сметајќи ги и официјалните и пријателските натпревари.

ФК Каменица Саса : Дали имаш размислувано да го продолжиш фудбалскиот пат како тренер ?
Зоран Васевски : Да, јас и во еден период бев тренер на ФК Слога од Виница, ама повеќе не размислувам на таа тема.

ФК Каменица Саса : Твојата кариера помина под диригентска палка на кои тренери ?
Зоран Васевски : Во прашање се повеќе тренери. Перица Груевски, Иван Дечев, Лазо Јовановски, Никола Илиевски, Јордан Мишов, Данчо Самоковлиски, Ванчо Балевски, Илија Димовски, Лазар Плачков, Благоја Истатов, Мирсад Јонуз, Кочо Димитровски, Влатко Костов, Јово Никушев, Ѓоко Хаџиевски, Христо Бонев, Иван Диноски, Димитар Мирков, Димитар Атанасов, Спасе Данев, Славе Петровски, Томе Петров, Јордан Михајлов, Славчо Атанасов и други.

Зоран Васевски со еден од многу тренери, со Лазо Јовановски

ФК Каменица Саса : Кои беа тренерите на ФК Саса низ чии лекции ги помина убавите фудбалски години во ФК Саса?
Зоран Васевски : Перица Груевски, Иван Дечев, Јордан Мишов, Лазар Јовановски, Данчо Самоковлиски, Никола Илиевски.

ФК Каменица Саса : Што би им порачал на младинските категории на ФК Саса ?
Зоран Васевски : Само со упорна работа можете да стигнете до целта.

ФК Каменица Саса : Со кој поранешен фудбалер на ФК Саса и ден денес си близок, а со кој си најблизок ?
Зоран Васевски : Близок сум со сите поранешни фудбалери на ФК Саса, а ден денес најблизок сум со Драги Стојановски – Мечката.

ФК Каменица Саса : И уште неколку твои гледиште за навивачката група “Багери”…
Зоран Васевски : Дечките беа одлични, се надевам дека ФК Каменица Саса ќе добие навивачка група каква што имавме ние. Во мое време еден од главните водачи на “Багерите” беше токму мојот брат Горан Ангелов, која беше моја најголема поддршка.

ФК Каменица Саса : Омилен клуб и омилен играч ?
Зоран Васевски : Црвена Ѕвезда и Драган Стојковиќ – Пикси.

ФК Каменица Саса : Сега си среќно оженет…
Зоран Васевски : Да сега сум среќно оженет со сопругата Марина со која имам две прекрасни дечиња, синот Борис и ќерката Бојана.

ФК Каменица Саса : И уште една анегдота…
Зоран Васевски : На натпреварот со екипата на Кожуф, во која поради жолти картони неможеше да брани Горан Јаневски, а Горан Стефановски имаше температура, бев и голман 🙂 .

ФК Каменица Саса : Зоки ти благодариме за одвоеното време и минутите посветени на твојот омилен клуб ФК Саса и уште поголемо благодариме за се она што го имаш дадено за ФК Саса и Фудбалска Македонска Каменица воопшто.
Зоран Васевски : Ви благодарам и на Вас за задоволството да кажам неколку зборови за ФК Саса, продолжете да го сакате клубот како што тоа го правевме ние. Да сте ми здрави и живи, чувајте се.

Благодарница на Зоран Васевски за особен придонес во развојот и промоцијата на ФК Саса доделена на Манифестацијата 50 години ФК Саса
Дневните весници за Зоран Васевски
Дневните весници за Зоран Васевски
Дневните весници за Зоран Васевски


Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *