19 години Македонија тагува.

19 години Македонска Каменица тагува.

Тагуваме за човекот кој своето СЕ го даде, за ова парче земја, за нас, за наше подобро утре.

Дали можеме некогаш да изразиме и приближно доволна благодарност за делото на ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ЈУНАК, МИЛЕ ЈАНЕВСКИ – ЏИНГАР, кој на овој ден, пред 19 години го даде својот живот бранејќи ја татковината ?
НЕ. НЕ постои таква благодарност, затоа единствено што можеме да направиме, е да изразуваме огромна почит кон ликот и делото на ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ЈУНАК, МИЛЕ ЈАНЕВСКИ – ЏИНГАР и да учиме.
Да учиме како е да се сака татковината, како е да се биде храбар, како е да се биде човек.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ЈУНАКУ !

ВЕЧНА ТИ СЛАВА МИЛЕ ЈАНЕВСКИ – ЏИНГАР !

Денес претставници на ФК Каменица Саса положија свежо цвеќе пред споменикот на Миле Јаневски – Џингар во Македонска Каменица, кој на денешен ден во 2001-та година заедно со уште 7-мина колеги, ѕверски беше убиен во Масакрот кај Вејце.

Заедно со ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ХЕРОЈ, МИЛЕ ЈАНЕВСКИ – ЏИНГАР (30), во Масакрот кај Вејце животот го загубија и УШТЕ СЕДУМ ГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИ СИНОВИ, Роберт Петковски (27), Бобан Трајковски (28), Игор Костески (26), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (25).

ВЕЧНА ТИ СЛАВА, ГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ЈУНАКУ !

ВЕЧНА ВИ СЛАВА, ГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИ СИНОВИ !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *