Спонзорот на ФК Каменица Саса, Рудникот за Олово и Цинк САСА, е избрана за компанија на неделата. Големината на компаниите се гледа во моменти кога е најтешко, а тоа е секако оваа Пандемија од Корона Вирусот во која се најде целиот свет. Во едни такви тешки околности Рудникот САСА, уште еднаш ја покажа својата големина и општествена одговорност.

Рудникот САСА во овие тешки моменти успеа :

  • ДА ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА 5%
  • ДА ИСПЛАТИ ПРЕМИЈА (БОНУС) НА ВРАБОТЕНИТЕ
  • ДА ВОВЕДЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ И ПРОТОКОЛИ ЗА БЗР ПОВРЗАНИ СО СОVID – 19
  • ДА ДОНИРА 125 000 ЕВРА ЗА БОРБА ПРОТИВ COVID – 19

Исто како и во минатото, кога Рудникот САСА покажуваше огромна општествена одговорност, помагајќи онаму кадешто е најпотребно, така и оваа недела, оваа компанија е вистински пример во целата држава, како треба да се однесува една општествено одговорна компанија и заслужено е прогласенa за КОМПАНИЈА НА НЕДЕЛАТА.

Во име на поддршката и општествената одговорност во овие тешки моменти, во име на поддршката која им ја даваат на
ЛУЃЕТО КОИ СО СВОЈОТ ТРУД ГО ГРАДАТ ОВА ПРЕКРАСНО МЕСТО – ВРЕДНИТЕ РУДАРИ,
Во име на мерките кои се спроведуваат за заштита од COVID – 19

Рудникот САСА и неговиот прв човек Г-динот Олег Телнои, заслужуваат еднo ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ.

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *