Почитувани сограѓани,
Драги навивачи на ФК Каменица Саса,

ФК Каменица Саса уште еднаш покажа дека не е само спортски туку и општествено одговорен клуб. Клуб кој секогаш, во рамките на своите можности и во рамките на можностите на неговите членови помага онаму кадешто има потреба. Така е и овојпат, кога клубот преку своите членови се вклучи во хуманитарната акција “И ВО НАЈЛОШИТЕ ВРЕМИЊА ДА ГО БАРАМЕ ПАТОТ НА НАДЕЖТА И ДОБРОТО” за пост-оперативна финансиска поддршка на наша сограѓанка во поодминати години. Во оваа хуманитарна акција се вклучија членовите на ФК Каменица Саса, а фудбалерите овојпат поради ситуацијата во која се наоѓаме беа изоставени. Инаку во групната донација на ФК Каменица Саса се вклучија и двајца наши сограѓани кои не се дел од ФК Каменица Саса и затоа ќе добијат БЛАГОДАРНИЦА во знак на благодарност за одлуката да учествуваат во групната донација на ФК Каменица Саса.

ОВА СЕ ВРЕМИЊА ВО КОИ ТРЕБА ДА НЕ ВОДИ ДОБРА МИСЛА !

ОВА СЕ ВРЕМИЊА ВО КОИ ТРЕБА ДА СИ ПОМАГАМЕ !

СПОРТСКИ ПОЗДРАВ !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *