Согласно одлуката на ФФМ за дефинитивен прекин на женскиот фудбалски шампионат на Македонија, ЖФК Каменица Саса како првопласирана екипа на табелата и официјално е Нов Женски Фудбалски Шампион на Македонија.
Истовремено ЖФК Каменица Саса автоматски се пласираше и во квалификациската фаза од Лигата на Шампионките во Фудбал.

Одлуката на ФФМ е вистинска потврда и валоризација на исклучителната посветеност и труд кои нашите девојки ги прикажаа во сезоната која и официјално е завршена.

ЧЕСТИТКИ ДО “ЧЕЛИЧНИТЕ” ДЕВОЈКИ ОД ЖФК КАМЕНИЦА САСА, ЧЕСТИТКИ ДО СТРУЧНИОТ ШТАБ И СИТЕ СПОРТСКИ РАБОТНИЦИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД ЖФК КАМЕНИЦА САСА.

ЧЕСТИТКИ ШАМПИОНИ !

Share:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *